Пролет настрада во „Јане Сандански“, Вардар без милост (ФОТО)

290

Вардар 1961 по поразот од Нексе во СЕХА-лига брзо им се врати на победничките патеки. Во Супер-лигата, актуелниот македонски првак продолжи според планот, без проблем го совлада Т.Пролет (34-22). Ова беше прв триумф на Давид Дејвис на еден официјален натпревар на клупата.

Моралес постигна пет гола, еден помалку имаа Џукиќ, Гаџа и Дибиров. Кај гостите, Аларов, Џонов и Голубовиќ имаа по пет погодоци.

„Црвено-црните“ отворија со серија од 3-1, највисоката позитива во овој дел од натпреварот беше четири гола (15-11) пред крајот на првиот дел, кој гостите го завршија со негатива од три гола (15-12).

Вардар не застана, по само неколку минути игра во второто полувреме беше 18-12, а потоа и 26-15. Гостите беа немоќни пред налетот на противникот, немаа ниту сили, ниту клупа за да се спротистават.

 

ПретходноНаполи и Елмас триумфално кај Венеција (ВИДЕО)
СледноЦСКА и Ристовска немоќни пред Ѓер