ПСЖ испука „петарда“ против шампионот и тоа на нивен терен (видео)

345

ФОТО: twitter.com/PSG_inside

Екипата на Пари Сен Жермен го сомле шампионот на Франција Лил во рамките на 23. коло на Лига 1. Четата на Покетино маршираше сигурно на стадионот „Пјер Моро“ и ги совлада популарните „доги“ со 5:1.

Играчот за врска Данило постигна два гола, а на полувреме ПСЖ имаше водство од 3:1. Во листата на стрелци се впишаа уште Кимпембе, Лео Меси и Килијан Мбапе.

За Лил стрелаше Ботман на асистенција на новакот Бен Арфа за 1:1 во 28. минута.

Шампионот сезонава е непрепознатлив. Ја држи 11-тата позиција на табелата, додека ПСЖ е лидер со 43 бода еден повеќе од второпласираната Ница.

 

ПретходноАсенсио ја обезбеди победата на Реал против Гранада (видео)
СледноОвермарс повеќе не е директор на Ајакс: Заминува поради сексистички пораки кон своите колешки