Сенегал е нов Африкански крал – го победи Египет за прва титула во историјата!

209

FOTO> twitter.com/CAF_Online
Репрезентацијата на Сенегал е новиот шампион на Африка откако во финалето на стадионот „Олембе“ во Јаунде го совлада најтрофејниот Египет по подобро изведување на пеналите. Во регуларниот дел и во продолженијата немаше погодоци, па победникот се одлучи преку пенал рулетот.

Сенегалците имаа голема шанса да го отворат резулатот во 7. минута меѓутоа ударот на Садио Мане го одбрани Габаски. Имаа Сенегалците уште неколку шанси но Габаски беше на висина на задачата, а Египет со само два добри удари кои ги одбрани Менди.

Во пенал рулетот Египќаните од четири удари промашија два (Абделмонем и Лашен), додека за Сенегал погодија четворица играчи (еден промаши), а одлучувачкиот гол го реализира Мане со што се „извади“ за оној промашен пенал во првото полувреме.

Сенегал ја освои првата шампионска титула во третото финале. Претходните финални натпревари во 2002 и 2019 година ги загуби од Камерун и Алжир, а денеска успеаа да го совладаат седумкратниот африкански шампион Египет. Египќаните трет пат во историјата губат во финалињата, а беа поразени и во борбата за трофејот во 2017 година. Последен пат биле шампиони во 2010 година.

ПретходноАврамовски го одбра дресот со број 24 во Сараево
СледноАсенсио ја обезбеди победата на Реал против Гранада (видео)