Серијал за фудбалските легенди на Велес (ВИДЕО)

483

Ретко кога во Македонија, барем досега им се посветуваше внимание на спортските легенди кои одамна повеќе не се активни. Тоа е проблематика на која што мора да поработиме ако сакаме сето она што се случувало во минатото да остане во меморија и сеќавање на идните генерации.

Што се однесува до градот Велес, спортот, а особено фудбалот и тоа како има своја историја и живи сведоци на случувањата од минатото. Икони на ФК Борец, и воопшто на фудбалот во Македонија, кои несебично преку новиот проект наречен „Мојата фудбалска приказна“ на јавноста ќе им ги пренесат своите сеќавања и ќе остават траен белег за ид ните генерации.

Идејата е на екс Македонскиот фудбалски репрезентативец Панче Ќумбев кој воедно е извшеб продуцент на проектот,

„Голема чест и задоволство ми е да го најавам серијалот “Мојата фудбалска приказна” .Серијал за велешките фудбалски легенди и фудбалскиот клуб Борец. Владимир Тевчев како сценарист и монтажер,Димче Саздов и Иван Камчев како сниматели и јас Панче Ќумбев како иницијатор и извршен продуцент е екипата која го создаде овој проект“ – ни изјави Ќумбев.

Серијалот ќе се состои од десетина епизоди, во првата сезона и е прв ваков проект на просторите на Македонија. Секоја чест на Велешани кои преку овој проект ќе оживет некои дамнешни времиња кога спортот во Велес беше тема број еден секако во позитивна конотација.

https://www.youtube.com/watch?v=FJ2JMTWbUvs&feature=share&fbclid=IwAR34nl9ym6OP8mwAcMEf6b3VQJGOTOVHWtjxGTWYUkTC1oYN5BhF3QVWLBk
ПретходноЧурлинов доби извинување од тренерот (ВИДЕО)
СледноЛиверпул лесно против Кардиф (ВИДЕО)