Супер – дерби во Ла Лига. Конечно, по долго време насмевки во Барселона. Конечно по долго време каталонскиот гигант блескаше и успеа со 4:2 (3:1) да слави над Атлетико Мадрид.
Стартот, односно првите 20 минути беа лудница. Караско носи водство на гостите во 8.минута. Алба две минути подоцна со фантатистичен гол израмни на 1:1. Гави и Араухо стрелаа за 3:1 за резултат на крајот по првото полувреме.
Во вториот дел четата на Чави продолжи со добрата игра, успеа и да поведе со 4:1 и тоа со голот на Дани Алвес во 49.минута. Да не биде 4:1 се погрижи Суарез во 58.минута.
Какво е тоа дерби ако немаше и црвени картони, како оној на Алвес, па и жолтиот картон на Чави.
За Барса покрај другите играа и Траоре, Феран Торес, Обамејанг…
Нема што, оваа Барса допрва ќе има што да покаже.