Тимот е комплетен: Јовановски во друштво со своите „спартанци“ (ФОТО)

94

Борче Јовановски, тренерот на Ставре Јада и Ана Цветановска, по два негативни тестови на Ковид-19 излезе од изолација. Тој се приклучи на тренинзите во Пекинг, во вистинско време пред настапот на македонските претставници на Зимските олимписки игри.

Јовановски беше позитивен на коронавирус веднаш по пристигнувањето во Пекинг, па мораше да оди во изолација, а поради контакт со него Цветановска поради близок контакт со него беше спречена да го носи македонското знаме на отварањето на ЗОИ.

Ана ќе настапи на 10. овој месец на 10 км-класично, трката е закажана со почеток во 08:00 часот по македонско време. Јада пак ќе настапи во квалификации за спринт слободно на 1,5 км и 50 км слободно, на 8. и 9. февруари.

ПретходноМирчевски одма почна да тресе за ТСЦ
СледноЗОИ: Бољшунов го донесе првото злато на Русија