ТФТ дури во последната четвртина го урна МЗТ Скопје 2 (ФОТО)

246

Екипата на ТФТ се намачи за да дојде до осмата победа оваа сезона во Првата лига. Тимот од Тафталиџе на гостувањето кај МЗТ Скопје 2 славеше со 66-79, благодарение на добрата игра во последната четвртина.

Смит со дабл-дабл од 21 поен и 15 скока, Хортон со 19 поени и 7 скока, Костоски со 17 поени беа најефикасни кај победникот. На другата страна Јигитоглу запиша 17 поени.

Младите „штркчиња“ пружија силен отпор, не им дозволија на гостите лесно да се прошетаат во Аеродром, на полувремето имаа минимално водство од 41-39. По новата изедначена битка и 56-55 за МЗТ Скопје 2 во 30. минута, ТФТ се разбуди.

Во последната четвртина отвори со 16-9 и тука ја направи разлика, на крајот истата беше и двоцифрена. За МЗТ Скопје 2 ова беше 13. пораз сезонава, има две победи.

ПретходноЕкс – фудбалер на Бордо ја засилува Шкендија, играше денеска за тетовци на контролата со Саса!
СледноПоддршка со македонски знамиња за Андреј Јакимовски во Калифорнија!