Удинезе победи со голови во судиското продолжение, Нестор мечот го преседе на клупата!

93

Во меч од 24.коло во Серија А, Удинезе со голови во судиското продолжение успеа да го победи Торино со 2:0. Првиот гол падна во 90+3 минута а стрелец бепе Молина, додека во 90+5.минута од пенал Пусето стрелаше за конечни 2:0, за големо славје, но и на трибините.

Веднаш да кажеме дека нашиот интернационалец Илија Несторовски целиот меч го преседе на клупата и не доби шанса барем некоја минута да одигра на овој натпревар, што не е ништо ново за него во тимот од Удине.

Овој натпревар не изобилуваше со којзнае колку шанси, но сепак Удинезе во самиот финиш успеа да го “скрши“ Торино.

ПретходноИлиевски: Нови сме во АБА 2-лига, ни беше потребно време за прилагодување!
СледноПортугалија ја одбрани европската титула во футсал