Чеферин најавува револуција во ЛШ!

300

Првиот човек на УЕФА Александер Чеферин најавува дека во блиска иднина ќе може завршницата во Лигата на Шампионите да биде низ Ф4, нешто слично како што беше пред две години кога се играше во Лисабон.

УЕФА поради пандемијата мораше на ваков начин да ја организира завршницата во ЛШ, а таа се покажа како успешен експеримент.

Мислам дека тоа е супер. Тоа ќе биде интересно и за фановите. За оваа идеја веќе разговарав со претседателите на неколку клубови како со ПСЖ, и тој се сложува со ваквата идеја. Се разбира дека на клубовите ќе им се обезбеди финансиска компензација поради губењето на парите кои ќе ги загубат со оглед на тоа дека нема да бидат домаќини во полуфиналните мечеви. Мислам дека ова може да се изведе за сезоната 2024/25, порано не можеме, објективно“ истакна Чеферин.

ПретходноАл Хилал против Челзи во полуфиналето на Светското клупско
СледноБублик го шокира Зверев и ја освои првата титула на АТП турнирите