Голема врева во германската јавност се крена по вчерашниот потег на тренерот на Шалке 04, Грамоцис да го вметне во игра нашиот интернационалњец Дарко Чурлинов, а потоа и да го извади. „Кикер“ послеви цел текст на оваа ситуација во која нашиот репрезентативец се понесе крајно професионално, а потоа доби и официјално извинување, но и објаснување на Грчкиот стратег за целата ситуација. Чурлинов влезе во 62.минута, беше дел од пресвртот од 0:1 на 2:1 на мечот против Јан Регензбург, а потоа беше заменет во 80.минута.
„Сакам да му се извинам на Чурлинов. Знам колку лошо е експресно да бидете заменети откако ќе влезете во игра, знам и дека влијаеше на нашата игра за да дојдеме до пресврт, но сето тоа беше само со една цел – тимскиот успех“ – изјави Грамозис.