На посебна свеченост, Боксерската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за 2021 година. Наградата за најдобар боксер во сениорска конкуренција за изминатата година му припадна на Јасин Лама.
Лама беше освојувач на бронзениот медал на Балканското првенство, златен медал на „Златниот гонг“ и учесник на Светско сениорско првенсто, каде што извојува една победа.
Ардијан Аземи е најдобар младински боксер, додека за најдобар судија наградата му припадна на Петре Неделковски.