Претседателот на Баерн (М), Херберт Хајнер, уште еднаш потенцираше дека герамснкиот шампион нема да влезе во битка за потписот на младиот голгетер на Борусија (Д), Ерлинг Халанд.
„Го имаме Левандовски и ќе бидам среќен доколку тој ја заврши кариерата во Баерн. Убеден сум дека Роберт ќе може да игра на ова ниво уште неколку години“, изјави Хајнер.
Баварците се вообид да го разубедат полскиот голгетер од идејата да си замине од „Алијанц Арена“ ова лето. Според Хајнер во моментов тоа е прв приоритет на шампионот.