Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер ќе паузира од фудбалот неколку недели откако денеска го оперираше десното коленото. Германецот се огласи на Инстаграм: „Држете ми среќа, се враќам за неколку недели“.
Според „Билд“ Ноер ќе отсуствува меѓу четири и шест недели, а неговото место на голманската позиција ќе го заземе ветеранот Свен Улрих.
Ноер беше на голот на Баерн во саботната победа над РБ Лајпциг со 3:2.
Gute Besserung, Manu! 💪
📸: @Manuel_Neuer #MiaSanMia pic.twitter.com/Hj4XNsxQsZ
— FC Bayern München (@FCBayern) February 6, 2022