Во пријателски натпревар кој се одигра денеска во Анталија, Силекс загуби со 0:2 (0:0) од Мариупол, член на елитната лига на Украина. И двата гола за противничката екипа “паднеле“ во второто полувреме, во 67. и 77.минута за 0:2.
Ова беше уште една можност за тимот на Силекс и стратегот Горазд Михаилов да ја проверат моменталната форма, да го воиграат тимот и да му се даде шанса на сите фудбалери кои ќе конкурираат за стартните единаесет во пролетниот дел во ВМФЛ – ЗАПАД.