ФОТО: twitter.com/PSG_inside
Екипата на Пари Сен Жермен го сомле шампионот на Франција Лил во рамките на 23. коло на Лига 1. Четата на Покетино маршираше сигурно на стадионот „Пјер Моро“ и ги совлада популарните „доги“ со 5:1.
Играчот за врска Данило постигна два гола, а на полувреме ПСЖ имаше водство од 3:1. Во листата на стрелци се впишаа уште Кимпембе, Лео Меси и Килијан Мбапе.
За Лил стрелаше Ботман на асистенција на новакот Бен Арфа за 1:1 во 28. минута.
Шампионот сезонава е непрепознатлив. Ја држи 11-тата позиција на табелата, додека ПСЖ е лидер со 43 бода еден повеќе од второпласираната Ница.