Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли го одигра првиот натпревар во дресот на Бетис, а тимот од Севиља веднаш направи мало изненадување во АЦБ лигата.
На домашен терен, популарните „вердибланко“ го совладаа тимот на Рио Бреоган со резултат (84:81) и направија важен чекор кон опстанокот во АЦБ лигата.
Џејкоб Вајли помина на теренот речиси 20 минути и за тој период постигна четири поени, еден скок и две асистенции.