Билбао го совлада Еспањол, централните бекови „режираа“ победа (видео)

184

Атлетик Билбао извојува победа над Еспањол со 2:1 во 23. коло на шпанската Ла Лига. Сите три гола паднаа во првото полувреме. Тони Вилена донесе водство за Еспањол во 3. минута, а само две минути подоцна Сансет изедначи.

Во 16. минута Иниго Мартинез го погоди голот на Еспањол што на крајот се покажа како победнички.

Инаку вториот гол на Еспањол го режираа дефанзивци. За првпат оваа сезона се случува такво нешто, едниот централен бек да му асистира на другиот централен бек за победа. Во случајов Дани Вивиан му асистираше (негова прва за Атлетик во Ла Лига) на Мартинез за победничкиот гол.

Од јануари 2021 година Мартинез постигнал шест голови со глава во сите натпреварувања, повеќе од било кој друг дефанзивец во Ла Лига.

ПретходноВесело во Сенегал – Илјадници луѓе ги пречекаа новите африкански шампиони! (фото+видео)
СледноКулушевски: Во Тотенхем отидов поради еден човек