ПМФЛ: Со саботниот меч Брегалница – Ренова стартува пролетниот дел во сезоната 2021/22, дербито се игра на Чаир!

780

Претстојниот викенд ќе стартува пролетниот дел од тековната сезона 2021/22. В сабота (12.02.2022) се игра мечот меѓу Брегалница и Ренова, кој ќе биде пренесуван на МРТВ и ТВ Арена Спорт, инаку се игра во Штип со почеток од 14 часот.

Во недела (13.02.2022) на програмата се вкупно пет натпревари кои започнуваат исто во 14 часот. Секако дека дербито се игра на Чаир, каде се среќаваат првиот и вториот на табелата, тимовите на Шкупи и Академија Пандев. И овој меч ќе биде пренесуван на МРТВ ина ТВ Арена Спорт.

На останатите мечеви се среќаваат Шкендија – Струга ТЛ, Скопје – Борец, Пелистер – Работнички, Македонија ЃП – Тиквеш.

ПретходноУште едно злато за Словенија во скијачки скокови во Пекинг!
СледноСараево за да го промовира Аврамовски со специјално барање до своите фанови!