“Опасна левица на македонската репрезентација дојде во нашиот клуб“- ова е најавата на ФК Сараево при промоцијата на Даниел Аврамовски. Готово е, Цујо во наредните две години ќе го носи “бордо“ дресот на гигантот од БиХ.
“Среќен сум поради моето доаѓање во Сараево. Долго време бевмево контакт и драго ми е што успеавме да дојдеме до договор.Се радувам уште отсега што ќе играм на мечевите пред навивачите на Сараево“ истакна Аврамовски.
Свој коментар имаше и “шефот“ Александар Васоски…
“Успеавме да ангажираме врвен играч и репрезентативец на Македонија.Има опасна левица,ќе им задава големи проблеми на противниците.Едвај чекам да го видам на мечевите на Сараево“ рече Васоски кој со Аврамовски имаше одлична соработка кога и двајцата беа во Вардар.