Русија го освои екипното злато во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг, а Камила Валиева е првата жена што направи четирикратен скок на олимпиското натпреварување.
Викторија Синичина, Марк Кондратјук, Анастасија Мишина, Камила Валиева, Никита Кацалапов и Александар Галијамов им донесоа убедлива победа на Русите, пред големите конкуренти од САД кои на крајот го освоија среброто. Третото место и бронзените недали отидоа на градите на натпреварувачите од Јапонија.
Русите го обезбедија златото уште пред слободна програма за жени, но 15-годишната сензација Валиева го одбележа натпреварувањето со голем стил. Таа направи два четирикратни скока пред да падне во третото изведување, но сепак го освои првото место со резултат 178,92 пред Јапонката Каори Сакамото (148,66) и третопласираната Канаѓанка Медлин Шизас.
Русија првпат ја освои титулата во оваа екипна дисциплина која влезе на олимписката програма во 2014 година во Сочи.
Kamila Valieva for those who missed pic.twitter.com/1du47fhvO4
— 流星 (@2B12FxaEvT8G6pl) February 6, 2022