Во одлично дерби Барселона вчера на свој терен го совлада Атлетико Мадрид по пресврт со 4-2. Каталонците одиграа добар меч пред своите фанови, дојдоа до три бода во борбата за позиција која на крајот на сезоната води во Лигата на шампиони.
Овој триумф и тоа како значи за сите во Барселона, но најмногу на тренерот Чави Хернандез, кој конечно покажа каков фудбал очекува од своите играчи.
По мечот беше горд на своите фудбалери, насмеан влезе во соблекувалната и им честиташе на момците за триумфот, кој го остварија против лутиот ривал.
„Идеме момци. Тргнавме, сега никој нема да може да не сопре“, им порача Чави во соблекувалната.
Unquestionably the best video you’ll see today pic.twitter.com/ZmqirrgGe9
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 6, 2022