Како што дознаваме, Ренова е пред потпис со уште едно ново име во своите редови. Станува збор за Наим Мамадзаде, интернационалец од Азербејџан. Има 21 година и доаѓа од Нефчи Баку, еден од најголемите клубови во Азербејџан. Имено Мамадзаде е “дете“ на Нефчи, ја минува целата школа на овој клуб.
Интересно е тоа што Азербејџанецот веќе неколку денови престојува во редовите на Ренова, а во саботата играше и на пријателскиот меч со Тетекс.
Нашите информации велат дека речиси се е готово, само уште да се договорат деталите и „гипсарите“ да го промовираат Азербејџанецот Наим Мамадзаде.