Давитков не е веќе тренер на романскиот Таргу!

182

Јорданчо Давитков и официјално не е веќе тренер на Таргу Џиу, клуб од Романија. Како што информираат од страна на клубот, соработката е прекината спогодбено.

Да потсетиме дека екс – селекторот на Македонија и еден од нашите најдобри кошаркарски стратези екипата на Таргу Џиу ја презеде во втората половина од сезоната 2020/21. Сезонава Давитков имаше пет победи и дури 13 порази и во моментов неговата сега веќе екс екипа се наоѓа на 13. место во Националната кошаркарска лига на Романија.

ПретходноТРИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ДОБИВКИ И БЛИЗУ 4,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА КРАЈ НА ЈАНУАРИ
СледноДимитриевиќ и Вајли во ТОП 10 потези на колото во Ендеса лигата! (ВИДЕО)