Даци не знае за доста, нов гол за Вестерло на македонскиот напаѓач! (ВИДЕО)

594

И повторно Ердон Даци. Вчера во меч од 19.коло во Втората лига во Белгија нашиот интернационалец одново “тресеше“ за својот Вестерло. Триумф од 3:0 против тимот на Ломел, а Даци беше стрелец на вториот гол за својот тим во 48.минута.

Инаку ова беше негов деветти гол сезонава со што се наоѓа во моментов на делба на второто место на листата на стрелците.

Нашиот младински репрезентативец сезонава игра во одлична форма во Белгија и го потврдува својот несомнен квалитет.

Инаку на видеото голот на Даци може да го видите во 1:31 минута.

ПретходноШтопер на Нефчи ја засилува Ренова!
СледноПартизан е првиот предизвик за Е. Пелистер во новата сезона на СЕХА лигата