Како што пренесуваат медиумите во Франција, пребогатите газди на ПСЖ имаат намера да го сменат спортскиот директор на клубот Леонардо. Имено тие не биле задоволни од работата на Бразилецот кого го посочуваат како најголема пречка за доведување на Зинедин Зидан за шеф на струката. Имено познато е дека Леонардо и Зидан воопшто не се “мирисаат“ и еден од условите екс – стратегот на Реал Мадрид да дојде на “Паркот на Принцовите“ е да Леонардо не биде во клубот.
Инаку Насер Ал Келаифи, претседателот на ПСЖ и директно го обвинил Леонардо дека погрешил што така брзо Бразилецот го “откачил“ Томас Тухел кој неколку месеци подоцна ја освои Лигата на Шампионите со Челзи, и го доведе Маурицио Покетино кој според Ал Келаифи е далку од квалитетите на Тухел.
Исто така му се замерува на Леонардо што досега не успеал да најде модел како да го натера Килијан Мбапеда го продолжи договорот и да остане во ПСЖ.
Инакку се споменува дека Насер Ал Келаифи го посакува Фабио Паратичи, спортскиот директор на Тотенхем во својот клуб на позицијата спортски директор.