Е.Пелистер со победа ја отвори новата сезона во СЕХА-лигата, откако на гостувањето кај Партизан славеше со 23-25 (10-13). Битолчани беа подобар противник, единствена мака видоа после 36. минута кога по своја вина им дозволија на ракометарите на српскиот тим да израмнат.
Мараш со седум гола беше прв стрелец, Граџан запиша пет, Секељи имаше девет одбрани.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ со серија од 5-0 на средината првото полувреме поведоа со 6-11 и го урнаа отпорот на противникот. По 10-13 на одморот, ракометарите на Е.Пелистер глегоа доминантно.
Битолскиот состав имаше позитива од пет гола на стартот на второто полувреме (11-16), но се опушти. Домашниот тим не се предаде, носен од поддршката на своите фанови, со серија од 8-3 израмни на 19-19 во 47. минута. Одличен на голот на Партизан беше Чоловиќ.
Постот го прекина Мараш, со седмиот погодок го врати водството на својот тим за 19-20. Дуелот влезе во неизвесна завршница, Табоада доби исклучување, па домаќинот го искористи тоа за израмнување.
Костески и Граџан го вратија својот тим на старите патеки, битолчани поведоа со 20-23, а во серија од две одбрани влезе и Секељи. Ова беше повеќе од доволно за да Е.Пелистер сигурно чекори кон победата.