ЗОИ 2022: Беат Фојц е новиот олимписки шампион во спуст

143

Швајцарскиот скијач Беат Фојц е новиот олимписки шампион во спуст на Зимските олимписки игри во Пекинг. 34-годишниот Швајцарец беше најбрз на патеката Јанкинг, оставајќи го зад себе многу поискусниот 41-годишен Французин Јохан Клери и Австриецот Матијас Мајер.

Трката, која беше откажана во неделата поради ветерот, овојпат се одвиваше во многу добри услови, со сончева патека без никаков ветер, а Фојц најдобро ги искористи тие услови и славеше четири дена пред својот 35-ти роденден. Швајцарецот беше сребрен во Супер-Џи трката и бронзен во спуст во Јужна Кореја пред четири години.

Фојц зад себе има титула во Светскиот куп во 2017 година, четири мали кристални глобуси во спуст, но во Пекинг го постигна најголемиот успех во кариерата.

ПретходноОвермарс повеќе не е директор на Ајакс: Заминува поради сексистички пораки кон своите колешки
СледноНова „трипл-дабл“ вечер за Дончиќ и Јокиќ, Далас и Денвер со нови победи (ВИДЕО)