ЗОИ 2022: Сара Хектор го освои златото во велеслалом

147

Швеѓанката Сара Хектор триумфираше во велеслаломската трка на Олимписките игри во Пекинг. Шампионката од Пјонгчанг, Микаела Шифрин остана без пласман, бидејќи падна при првото возење.

Хектор славеше со вкупен резултат 1:55,69. Беше одлична во првото возење во кое имаше најдобар резултат. Во второто имаше беше осма, но успеа да ја задржи лидерската позиција и да го освои златото.

Среброто го освои Италијанката Федерика Брињоне, а на подиумот се најде и Швајцарката Лара Гут Бехрами.

ПретходноНавивачите на Гецтепе со македонски знамиња во чест на Јаховиќ (ФОТО)
СледноГо победи туморот, па сега го освои олимпиското злато во сноуборд