Нема дилеми. Никлас Суле, дефанзивецот на репрезентацијата на Германија и Баерн Минхен во јуни ќе дојде во Борусија Дортмунд.Овој мега –трансфер по малку е изненадувачки, посебно ако се знае дека досега големите ѕвезди на германскиот фудбал се селеле од Дортмунд во Баерн, а сега е обратно.
Оваа вест ја потврди и спорсткиот директор на “милионерите“ Михаел Цорк.
“Со големо задоволство можеме да потврдиме дека репрезентативецот на Германија Никлас Суле од јуни ќе биде наш играч. Потпишавме договор на четири години, тој ќе ни се приклучи кога неговиот договор со Баерн ќе му истече во јуни“објави на клупскиот сајт еден од челниците на Борусија Дортмунд.