Дејан Кулушевски го засили Тотенхем оваа зима. Тој дојде од Јувентус како позајмен фудбалер и ги сподели импресиите од првите денови во лондонскиот клуб.
„Антонио Конте e човекот поради кој направив трансфер во Тотенхем. Точно е дека се работи за фантастичен клуб, но со него тие се уште подобри. Конте одржува многу добри тренинг сесии, многу е добар на тактички план, а неговиот стручен штаб е фантастичен“, потенцираше Кулушевски, шведскиот репрезентативец со македонско потекло.
Тотенхем за позајмицата до јуни 2023 ќе му плати на Јувентус 10 милиони евра со право да го откупи договорот за 35 милиони евра.