МЗТ Скопје со Кари и Војдан, но без Дамјан по продолжување на АБА-лигашката перфекција

188

МЗТ Скопје има серија од пет победи во низа, вкупно шест во АБА 2 лига. Македонскиот првак е на добар пат да ја продолжи трката за лидерското место, кое му припаѓа на Борец Бања Лука, единствениот тим без пораз по седум одиграни натпревари.

Прв противник во „балонот“ токму во Бања Лука е Сутјеска. Предводникот на „сино-белите“, Дарко Радуловиќ на оваа средба на располагање ќе ги има Американецот Морис Кари и капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски, кои треба да ја дадат потребната енергија за продолжување на победничкиот поход во второлигашкото јадранско натпреварување.

„Сутјеска е исклучително цврста екипа, која негува стил на игра карактеристичен на Партизан од времето кога тренер на оваа екипа беше Душко Вујошевиќ. Ќе мора да бидеме максимално енергични во одбраната, да ја сопреме нивната игра под кошот и да ги наттрчаме. Во мечот мора да влеземе мотивирани и решителни, со голема самодоверба и само така ќе може да дојдеме до посакуваната цел, а тоа секако е победа“, вели предводникот на нашиот шампион, Дарко Радуловиќ.

Сутјеска е добро познат противник, МЗТ Скопје има 4-3 во меѓусебните дуели и мини-серија од две победи по ред. Ова е доволен мотив за кошаркарите да дојдат до нови бодови и да чекаат кикс на лидерот.

Во составот на македонскиот тим ќе го нема пак Дамјан Стојановски, кој го повреди скочниот зглоб, тој ќе биде надвор од терените.

Дуелот меѓу Сутјеска и МЗТ Скопје е закажан со почеток во 15 часот.

Во Бања Лука, „сино-белите“ ќе ги одмерат силите уште со Подгорица (среда) и Војводина (сабота).

ПретходноСадио Мане синоќа спиеше со пехарот (ФОТО)
Следно„Мистер Статива“: Меси дури седумпати оваа сезона ја погоди рамката на голот