Мојс: Рајс ќе биде идниот капитен на Англија, неговата цена е 100 милиони фунти!

307

Менаџерот на Вест Хем Дејвид Мојс е убеден дека Деклан Рајс вреди 100 милиони фунти па и повеќе и дека ќе биде идниот капитен на Англија. Игралот за врска има уште две години од договорот со Вест Хем, а „чеканите“ можат да ја активираат опцијата за продолжување на соработката на уште 12 месеци. Според, информациите од Англија Манчестер Јунајтед го сака овој фудбалер, но за неговите услуги се интересираат и Челзи и Манчестер Сити.

Мислам дека кажав се што може да се каже за Деклан. Тој е многу важен играч за Вест Хем, многу го ценам и многу значи за тимот. Тој е добро момче и среќни сме што го имаме во нашите редови. Тој вреди 100 милиони фунти, па и повеќе“, изјави Мојс.

23-годишниот фудбалер е во страшна форма сезонава, Вест Хем продолжува да се бори за место во топ 4, а притоа и за трофеите во ФА купот и Лига Европа. Рајс имаше забележителна улога и за Англија на ЕП, а Мојс смета дека овој играч ќе биде идниот капитен на „Гордиот Албион“.

Од недела во недела Рајс игра се подобро. Се подобрува на сите полиња и натрупува богато искуство. Тој учи од Марк Нобл, а во репрезентацијата се огледува на Хари Кејн и Хари Мегваер. Не се сомневам во тоа дека еден ден ќе биде капитен на Англија“, додаде Мојс.

ПретходноБруно: Од Њукасл ме убедија со амбициозниот план да се освои ЛШ
СледноВесело во Сенегал – Илјадници луѓе ги пречекаа новите африкански шампиони! (фото+видео)