Неверојатен меч во Moсква, Мејо во последната секунда спречи четврто продолжение

184

Дербито на руската ВТБ лига вечерва не само што ги оправда очекувањата, туку ги доведе до лудило навивачите на двата клуба. ЦСКА во Москва ја пречека екипата на Уникс од Казан, а на крајот после три продолжение славеше Уникс со 105:103.

Во регуларниот дел резултатот беше 77:77, по првото продолжение на семафорот стоеше 85:85, а по второто продолжение и 92:92. А само секунда го делеше овој меч да отиде и во четврто продолжение, но Уникс славеше со погодокот на Мејс за конечни 105:103.

Инаку Уникс е на врвот на табелата во ВТБ лигата со скор 11-2, а ЦСКА е четврта со 9-4.

ПретходноПетковиќ доби отказ од Бордо, му пресуди „петардата“ од Ремс
СледноБруно: Од Њукасл ме убедија со амбициозниот план да се освои ЛШ