Нова „трипл-дабл“ вечер за Дончиќ и Јокиќ, Далас и Денвер со нови победи (ВИДЕО)

189

Кошаркарите на Далас синоќа на домашен терен го совладаа тимот на Атланта со 103:94 и со тоа ја забележаа 31-та сезонска победа. До победата тимот од Тексас го предводеа Реџи Булок и Џејлен Бренсон со по 22 поени, додека Лука Дончиќ забележа трипл-дабл со 18 поени, 10 скока и 11 асистенции.

Шампионот Милвоки славеше против Лос Анџелес Клиперс со 137:113, предводени од Јанис Антетокумбо Џру Холидеј, кои постигнаа 28, односно 27 поени.

Кошаркарите на Бостон ја забележаа петтата победа во низа откако го совладаа Орландо на гости со 116:83, а најзаслужни за тоа беа Џејлен Браун со 26 и Денис Шрудер со 22 поени. Претходно синоќа во дуелот на двете најдобри екипи во Источната конференција, Филаделфија го победи Чикаго со 119:108, а Денвер го совладаа Бруклин во дербито на вечерта со 124:104, во меч во кој српскиот центар Никола Јокиќ го постигна својот 14-ти трип-дабл сезонава. Јокиќ за 30 минути на теренот постигна 27 поени со 12 скока и 10 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Индијана 98-85

Далс – Атланта 103-94

Орландо – Бостон 83-116

Хјустон – Њу Орлеанс 107-120

ЛА Клиперс – Милвоки 113-137

Минесота – Детроит 118-105

Денвер – Бруклин 124-104

Чикаго – Филаделфија 108-119

ПретходноЗОИ 2022: Беат Фојц е новиот олимписки шампион во спуст
СледноРусите со екипно злато во уметничко лизгање, 15-годишната Валиева со скок за историја (ВИДЕО)