Поранешната фудбалска ѕвезда на Ајакс, Барселона и холандската фудбалска репрезентација, Марк Овермарс, мораше да ја напушти функцијата член на управниот одбор и спортски директор во Ајакс, поради контроверзни причини.
Како што потврди прес-службата на клубот, тој повеќе нема да извршува ниту една фунција во холандскиот гигант.
Овермарс сам ја донел оваа одлука за повлекување од клупските функции по разговорите кои во последните денови ги имал со надзорниот одбор на клубот и извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар. Причина за неговото заминување се низата несоодветни пораки кои подолг период им ги испраќал на неколку колешки.
Марк Овермарс беше директор за фудбал во Ајакс од летото 2012 година. Неодамна доби и нов мандат до 30 јуни 2026 година.