Она што во неколку наврати „Спортмедиа“ го најавуваше, од денеска е и официјално. Дени Илиев и официјално нов член на клубот од елитната лига во Словачка. Имено самиот Тренчин на својот сајт и своите социјални мрежи го потврди трансферот и му посака добредојде на Македонецот.
Се вели дека договорот е со важност од 18 месеци дека од него се очекуваат добри одбрани на голот на Тренчин.