Владимир Петковиќ, тренерот од Босна и Херцеговина доби отказ од Бордо по серијата на лоши резултати кои кулминираа со домашниот пораз од Ремс со резултат 0:5. Петковиќ го презеде кормилото на шесткратниот француски првак откако ја напушти селекторската функција во швајцарската репрезентација, но не можеше да се носи со проблемите во клубот и по 23 првенствени натпревари доби отказ.
„Жиродинците“ за кои некогаш играше славниот Зинедин Зидан е претпоследен со само 20 бодови, па до крајот ќе се бори за опстанок.
Неофицијално, Бордо води преговори со Тиери Анри за тренерската позиција. Анри не се прослави како тренер на Монако, работеше и во Монтреал Импакт, а беше и помошник во белгиската репрезентација.