Александар Ристевски својата кариера ја продолжува во Косово и тоа во дресот на актуелниот првак Приштина. Одличниот стопер во новата средина доаѓа откако првиот дел од сезоната го мина во Работнички.
Тој ќе биде вистинско освежување во редовите на Приштина, има искуство потребно за остварување на целите на новиот клуб.
Ристевски во својата кариера настапуваше Струга, Победа, Пелистер, како и во Албанија.