Го победи туморот, па сега го освои олимпиското злато во сноуборд

159

Канадскиот сноубордер Макс Паро го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг во дисциплината слоуп-стајл. Паро, кој пред четири години беше олимписки вицешампион, славеше благодарение на второто возење во кое освои 90,96 поени.

Интересно е што десет месеци по Игрите во Пјонгчанг нему му беше дијагностициран Хочкинов лимфом, но по шест месеци хемотерапија постепено се врати на тренинзи и настапи, а денес успеа да го освои златото благодарение на речиси совршеното возење во финалето.

Кинезот Јуминг Су освои сребро, додека Канаѓанецот Марк МекМорис со бронзен медал. Бранителот на олимписката титула, Американецот Редмон Џерард заврши како четврти.

ПретходноЗОИ 2022: Сара Хектор го освои златото во велеслалом
СледноСадио Мане синоќа спиеше со пехарот (ФОТО)