Ракометарите на Вардар утре во Нови Сад со почеток од 17.30 часот и гостуваат на екипата на Војводина, во меч од СЕХА лигата. По поразот од Нексе нормално е дека вардарци мора да одат на победа.
Дарко Ѓукиќ, крилото на Вардар пред утрешниот меч истакнува…
„Нема да биде лесно, очекуваме тежок меч. Војводина игра дома, но ние мора да победиме. Не смееме да губиме лесно топки, секако мора да се игра добра одбрана, подобар напад од тој што го игравме со Нексе“ рече покрај другото Ѓукиќ.