Маурицио Покетино е на излезната врата во ПСЖ, а за негов наследник веќе на големо се најавува Зинедин Зидан.
Францускиот стручњак веќе го поставил условот за да седне на клупата на „светците“.
Според „Daily Mail’ од раководството на клубот побарал да го доведат Кристијано Роналдо, кој минува тежок период во дресот на Јунајтед.
Неофицијално Зидан го побарал само Роналдо, на неговата листа на желби немало ниту едно друго име. ПСЖ претходно се обидуваше да го донесе Португалецот, но сето тоа заврши без успех. Сега работите се променети, неофицијално португалскиот ас немал ништо против да игра со Меси и Нејмар.
На крајот на сезоната ПСЖ ќе остане без Килијан Мбапе кој се сели во Реал Мадрид, па нема да биде изненадување доколку во Париз слета Роналдо.