Лука Здравковски е нов играч на Ксанти!

2728

Македонскиот младински репрезентативец, Лука Здравковски од денеска и официјално е нов член на грчкиот второлигаш Ксанти, кој е еден од најсериозните кандидати за пласман во елитата следната сезона.

Трофејниот грчки клуб го ангажираше играчот за врска со што прави македонско трио во својот состав. Претходно таму се вреќе Бесарт Ибраими, како и новиот помошник на првиот тренер, Зоран Вулиќ, Жикица Тасевски.

Здравковски ќе има можност со овој екстра трансфер да напредува многу во својата кариера и истата да ја подигне на едно повисоко ниво. Тој веќе неколку седници дел од Ксанти, но се чекаше негова официјална промоција.

ПретходноРадуловиќ разочаран: Не знам што да кажам! Имаме искусни играчи – да не можат да решат ваков меч
СледноРистевски со шампионски потпис!