Мешков Брест пред продолжение на вториот дел од сезоната во Лигата на шампиони донесе ново засилување.
Станува збор за Павел Дорофеев, играч кој игра на пикерската позиција, висок е 205 сантиметри. Во редовите на белорускиот состав се враќа од Нева Санкт Петербург. Дорофеев потекнува токму од школата на Брест, од каде замина на 20 годишна возраст.
Вардар и Мешков Брест играат на 2. март, македонскиот првак е гостин на оваа средба. И двата тима се во долниот дел од табелата, Вардар има пет бодови, додека Мешков четири.