Утре нешто пред 10 часот во македонско време, Ставре Јада ќе го има својот настап на ЗОИ во Пекинг. Тој ќе се натпреварува во категоријата и тоа во дисциплината спринт слободно на 1,5 км.
“На овие ЗОИ во Пекинг ќе настапам во две дисциплини. Инаку ова се мои втори ЗОИ, се надевам дека сега ќе имам подобар резултат од минатата Олимпијада во Пјонгчанг. Мислам дека сум подготвен, самите подготовки минаа во најдобар ред. Посебна благодарност од МОК кој ми помогна со 54.000 евра за подготовките во изминатите три години“изјави Јада.