Чави одржа говор во соблекувалната – покажа колку му значи победата (ВИДЕО)

361

Во одлично дерби Барселона вчера на свој терен го совлада Атлетико Мадрид по пресврт со 4-2. Каталонците одиграа добар меч пред своите фанови, дојдоа до три бода во борбата за позиција која на крајот на сезоната води во Лигата на шампиони.

Овој триумф и тоа како значи за сите во Барселона, но најмногу на тренерот Чави Хернандез, кој конечно покажа каков фудбал очекува од своите играчи.

По мечот беше горд на своите фудбалери, насмеан влезе во соблекувалната и им честиташе на момците за триумфот, кој го остварија против лутиот ривал.

„Идеме момци. Тргнавме, сега никој нема да може да не сопре“, им порача Чави во соблекувалната.

ПретходноЕ.Пелистер тргна со победа во СЕХА, го урна Партизан среде Белград
СледноРенова го промовираше и Бери од Сенегал!