На социјалните мрежи викендов се појавија снимки на фудбалерите на Манчестер Сити Џек Грилиш, Кајл Вокер и Ријад Марез во ноќен провод во Манчестер. Гвардиола бил прашан околу тоа и дали планира да ги казни играчите затоа што наводно се опиле. Се пишувало дека на Грилиш му било забрането да влезе во еден ноќен клуб затоа што бил „дрво пијан“.Шпанецот ги отфрли тие информации.
„Ќе ги казнам. Да, да, ќе ги казнам затоа што сум изнервиран. Изнервиран сум затоа што не ме викнаа, а тоа не ми се допаѓа“, вели иронично Гвардиола.
„Фудбалерите знаат дека преземаат ризик кога одат по ноќни клубови бидејќи постојат социјални мрежи, меѓутоа сите беа совршени. Но ќе повторам, ќе бидат казнети затоа што не ме викнаа“, изјави Гвардиола.
🚨 Manchester City’s Jack Grealish filmed being too drunk to get into a bar pic.twitter.com/v2CjCRqjXx
— Live News (@LiveNewsForAll_) February 7, 2022
„