Кошаркарите на Голден Стејт синоќа го совладаа тимот на Оклахома со 110:98 и така дојдоа до деветтиот последователен триумф во НБА лигата. Клеј Томпсон го предводеше гостинскиот тим со 21 поен, на Стивен Кари му недостасуваше еден скок за трипл-дабл (18 поени, 10 асистенции и девет скока), додека Џонатан Куминга додаде 16 поени во победата на „воините“.
На табелата во Западната конференција Голден Стејт е втор со 41 победа и 13 порази, додека Оклахома е претпоследна.
Вредна победа на гости обезбедија и кошаркарите на Феникс победувајќи го Чикаго со 127:124. Гостите во третата четвртина водеа со 88:61, а Чикаго во финишот го ублажи резултатот со серија од 12:0.
Девин Букер постигна 38 поени за тимот од Аризона, со пет асистенции и четири скока и така успеа да ја мине границата од 30 поени на три од последните четири натпревари.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Торонто 101-116
Вашингтон – Мајами 100-121
Чикаго – Феникс 124-127
Оклахома – Голден Стејт 98-110
Јута – Њујорк 113-104