Дејвис и Џукиќ едногласни: Важна победа за Вардар во „пеколниот“ февруари

270

Вардар 1961 ја запиша првата победа во СЕХА-лига, откако на гостувањето кај Војводина славеше со 16-26. Македонскиот првак одигра одлично во второто полувреме, ја зацврсти одбраната, па лесно доминираше против стариот должник.

Овој триумф е добредојден за „црвено-црните“ кои овој месец како и сите останати тимови кои се борат на повеќе полиња имаат згуснат распоред.

„Многу важен меч за нас во згуснатиот распоред во овој месец. Се уште работиме на нашата игра, беше тешко да се игра без средни бекови. На крајот ова беше добар меч за нас. Задоволен сум бидејќи имавме шанса да се насочиме на нашата игра“, изјави Давид Дејвис.

Слична изјава на стратегот на Вардар даде и Дарко Џукиќ.

„Важен меч за нас, особено по поразот од Нексе на стартот на СЕХА-лига. Распоредот пред нас е неверојатно густ, што значи дека многу работи ќе треба да ги решаваме во од и овој натпревар, а овој натпревар беше многу добра подготовка за тоа“, рече Џукиќ. 

ПретходноЕуро Никел им се одмазди на „академците“, „тројкашко“ шоу на Димчевски
СледноГвардиола: Ќе ги казнам играчите затоа што не е викнаа во ноќен клуб