ЗОИ 2022: Австриецот Карл и Чешката сноубордерка Ледецка со злато во паралел велеслалом

91

Австрискиот сноубордер Бенџамин Карл го освои златниот медал во паралелен велеслалом кој заврши утрово на Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг. Во финалната трка тој беше подобар од Словенецот Тим Мастнак, кој направи сериозна грешка во долниот дел од патеката и заостана 82 стотинки зад победникот.

Бронзениот медал му припадна на рускиот сноубордер Виктор Вајлд, со што Русинот комплетираше три медали од ЗОИ.

Чешката сноубордерка Естер Ледецка, пак, го освои златото во паралелен велеслалом во женска конкуренција. Таа во финалната трка беше подобра од Даниела Улбинг од Австрија.

Глорија Котник од Словенија во трката за бронзениот медал ја победи Мишел Декер од Холандија. Ледецка стана трикратен олимписки шампион, откако го освои златото и на Олимпијадата во Пјонгчанг, а победи и на Супер-Џи трка во алпско скијање.

ПретходноДаглас Коста стигна во САД, денеска потпишува за ЛА Галакси
СледноЗОИ 2022: Шведска бронзена во мешани двојки во карлинг