Легендарниот Филипо Инзаги повеќе не е тренер на Бреша. Оваа одлука е изенандувачка, тимот кој што го водеше се наоѓа на третото место во Серија Б, но соработката е прекината.
Причината се претпоставува дека е ремито со Косенца на гостински терен, дуел по кој Бреша пропушти да се доближи на лидерот на табелата.
Инзаги ја напушта Бреша после две и пол години, на негово место е именуван Диего Лопес.
Филипо Инзаги ја започна својата тренерска кариера во младиот тим на Милан во 2012 година, а првиот сениорски ангажман му беше во „росонерите“. Милан одигра многу слабо. Сезоната ја заврши само на 10. место и Инзаги го напушти клубот.
Потоа Пипо работеше во Венеција, Болоња и две сезони во тимот на Беневенто.